[ФОТО] Идниот викенд Галичка свадба, ова се годинешните зет и невеста

Нетпрес

03/07/2024

11:14

1.976

Големина на фонт

а а а

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули.

Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.

- Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата, порачуваат галичани.

Одлука за избор на невеста и зет за Галичка свадба 2024


Драги галичани и љубители на Галичник,


Со голема радост ви...

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Friday, May 31, 2024

Во саботата вечерта почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба.

Врвот на бајракот се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка.

Топаните потоа тргнуваат кон куќата на зетот, а тој со братот и побратимите ќе тргнат кон мостот каде ќе се сретнат. Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот.


Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода.

Наредниот ден, денот на свадбата, продолжува со низа обичаи. Денот започнува со канење на мртвите, па кумот. Следуба бричење на зетот, по што се тргнува по невестата. По завршените адети во домот на невестата, следува венчавање во црква.



Спонзорирани линкови

Маркетинг