[ВИДЕО] Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Макфакс

05/07/2024

08:19

2.734

Големина на фонт

а а а

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено, највисоко ниво, во четвртокот.

Жителите се повикани да ги следат упатствата на локалните власти за цивилна заштита на малиот вулкански остров северно од Сицилија.

Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека е забележана зголемена вулканска активност на планината Стромболи, по ктивниот вулкан на островот.

Лава и пепел се излеале од вулканот во морето, соопшти INGV.

На Стромболи живеат неколку стотици луѓе. Бројни туристи доаѓаат на островот по морски пат од Италија или Сицилија со цел да се искачат на вулканот висок 920 метри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг