Катарина Јовановиќ осудена поради убиство на бебе: Хорор злосторство ја потресе Германија – го фрлила новороденчето низ прозорец поради кариера?

Точка

05/07/2024

20:22

2.771

Големина на фонт

а а а

Катарина Јовановиќ (28) од германската покраина Баден-Виртемберг е осудена на седум и пол години затвор бидејќи ја фрлила својата новородена ќерка низ прозорец. Страшното злосторство го извршила затоа што наводно се плашела дека „детето ќе ѝ ја уништи кариерата“.

Катарина пред два дена била прогласена за виновна за убиство од небрежност во окружниот суд во Хајлброн.

На суд се дознало дека Катарина пред 10 месеци тајно се породила дома, а потоа го фрлила своето бебе низ прозорецот на станот на асфалтот, од повеќе од три и пол метри височина.

Телото на бебето со скршен череп го пронашле згрозени минувачи, кои повикале полиција. На почетокот на судењето во април, Јовановиќ го признала делото, но не можела да го објасни моментот пред судот. Тврдела дека не ни знаела дека е бремена, но обвинителството ја товарело за убиство и намерно прикривање на бременоста.

Обвинителите тврделе дека Јовановиќ мислела дека детето ќе ѝ ја уништи кариерата како раководителка во правниот оддел на Порше.

„Обвинетата не била подготвена да ги стави во мирување своите животни планови, особено професионалниот напредок поради детето. Тоа била нејзина одлука откако се породила, а критериумите за осуда за убиство се исполнети“, изјави јавната обвинителка Мареке Хафендорфер.

Адвокатите на Катарина тврделе дека се работи за убиство од небрежност бидејќи таа случајно го испуштила бебето од раце, откако се породила сама дома, а воопшто не ни знаела дека е бремена.

„Мојата клиентка не ни знаела дека е бремена. Кога ненадејно го држела крвавото бебе во раце, била во тешка психичка ситуација“, изјавил адвокатот Малте Хох.


„Тоа било несреќен случај, таа го испуштила бебето. Како детето паднало низ прозорецот, ќе биде утврдено“, додал тој.

Судот на крајот го прифатил помалото обвинение за убиство од небрежност, но ја осудил на седум и пол години затвор, што е повеќе од трите години кои одбраната ги барала. Нејзиниот правен тим, исто така, најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Соседите за локалните медиуми изјавиле дека не знаеле дека Јовановиќ чека дете.

„Никој не забележа дека оваа жена е бремена. Неодамна се промени и повеќе не разговараше со нас, но мислевме дека е под стрес поради работата“, раскажуваат соседите, пренесува „Daily Mail“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг