По најавите за невреме: Зголемена внимателност и можност од локални проблеми со хидролошката состојба во одделни региони, препорачуваат надлежните

Точка

02/07/2024

14:19

1.678

Големина на фонт

а а а

Соодветно најавата на синоптичарите дека во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и дека локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, во секторот хидрологија е направена анализа на резултатите од достапните модели и е дојдено до заклучок дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини дожд, можно е да дојде до забрзано истекување на вода по падините, малите реки и суводолиците, а на одредени локации можно е да се јават локални проблеми, предупредуваат од секторот за хидрологија при Министерството за земјоделство.

„Достапните модели најавуваат појава на врнежи на целата територија од државата, почвите и теренот е релативно влажен, а во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност кај следните поголеми и помали региони:


– Скопски, Кумановски, Паланечки, Кратовски, Пробиштипски, Каменички, Кочански, Светиниколски, Штипски, Струмички, Велешки, во реоните на Групчин, Соње, Сопиште, но секако можни се и отстапувања од најавените региони и реони“, се истакнува во соопштението.


Препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места на кои има опасност од одрони и свлечишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг