Турист објавил видео од Северна Кореја: Сцени од изолираната земја кои ретко можете да ги видите

Точка

02/07/2024

23:21

10.154

Големина на фонт

а а а

Еден корисник на ТикТок кој неодамна ја посетил Северна Кореја објави видео од улиците на Пјонгјанг, кое го привлече вниманието на многумина.

Тој ги снимал луѓето како се шетаат по улиците и низ метростаницата, момче како вози велосипед итн. Некои навеле дека ова видео им изгледа бизарно и дека луѓето се однесуваат како роботи, додека други изјавиле дека би сакале да ја посетат оваа земја.

„Лудо е што луѓето не знаат за ништо друго освен ова“, „Отсекогаш сум сакала да живеам во 1970-те и 1980-те. Сега знам која земја треба да ја посетам за да ги доживеам тие години“, „Не знаев дека можеш да снимаш овде“, „Делува мирно“, „Би сакал да останам овде“, се дел од коментарите на ТикТок. Видеото е прегледано повеќе од 2 милиони пати на оваа социјална мрежа.


На туристите за посета на Северна Кореја им е потребна виза, за која се грижат туристичките агенции кои нудат патувања во таа земја. Постојат низа правила што треба да се следат, како што се избегнување да се критикува режимот, фотографирање и снимање само кога тоа ќе ви биде дозволено итн. Во случај да сакате да направите нешто надвор од наведените правила, задолжително е да се консултирате со вашиот водич.

Пјонгјанг е најстариот корејски град. Основан е во 1122 година на местото на главниот град на кралството Тангун. Има многу згради во традиционалниот социјалистички стил на градба. Во градот доминира предимензионираниот, недовршен хотел „Ryugyong“, кој беше прогласен за најгрдата зграда во светот во анкетата на „WeirdAsiaNews“.


Се истакнува и кулата Џуче, која е именувана и изградена во чест на идеологијата Џуче, чиј основач се смета севернокорејскиот лидер Ким Ил-сунг. Изградена е во 1982 година.

Низ градот има многу споменици на „вечниот“ поранешен претседател Ким Ил-сунг. Најважната несоцијалистичка знаменитост е гробницата на кралот Донгмјеонг од кралството Гогурјео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг