Брзо пециво од само 5 состојки: Направете вкусни погачици со сирење

Точка

03/07/2024

21:02

5.337

Големина на фонт

а а а

Погачиците со сирење се многу едноставно и вкусно пециво. Овој рецепт е многу сличен на британското пециво наречено „scone“, но тоа најчесто се прави во слатка варијанта.

Потребни состојки:

- 300 гр. брашно
- една кесичка прашок за пециво
- една кафена лажичка сол
- 250 мл. обичен јогурт
- 200 гр. рендано сирење


Подготовка:

За почеток измешајте го брашното и прашокот за пециво, па додадете 150 грама рендано сирење и јогурт. Месете го тестото додека не добиете хомогена смеса. Тестото ставете го на набрашнета површина и расукајте го на дебелина од 2 центиметри.

Обликувајте ги погачиците со помош на калап или чаша. Вклучете ја рерната на 180 степени. Додека се загрева рерната, обложете ја тавата со хартија за печење и наредете ги погачиците врз неа. Врз нив ставете го остатокот од сирењето. Печете ги погачиците во рерна околу 15-20 минути или додека не поруменат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг