Ако имате постар „Android“ телефон, бидете внимателни

Точка

27/06/2024

10:24

2.714

Големина на фонт

а а а

Хакерите ја користат силата на опасниот „тројанец“ за напади на постари уреди на „Android“.

Истражувачите од компанијата „Check Point“ предупредиле на постоењето на тројанец со кодно име „Rafel RAT“, кој ги напаѓа постарите телефони на „Android“ во најголема мера.

Овие напади можат да доведат до заклучување на уредите, по што од сопственикот се бара „ransomware“ и се уценува да прати порака на „Telegram“ за да се реши овој проблем и повторно да може да го користи уредот.


Истакнато е дека повеќе од 87 проценти од жртвите на овој тројанец користат верзии на „Android“ кои повеќе не добиваат безбедносни ажурирања. Најзастапена верзија е „Android 11“ (21,4%), за кој е укината поддршка пред речиси пет месеци.

Речиси половина од нападите на „Rafel RAT“ се пронајдени во телефони со верзии на „Android“ од 6 до 10, додека „Android 5“ ги сочинува дополнителните 18%. „Android 5“ е објавен пред девет години, а поддршката за овој оперативен систем е укината пред шест години.


„Малверот е развиен на фишинг напади. Користи тактики за манипулација со довербата на корисниците и ги користи нивните интеракции“, се предупредува во извештајот на „Check Point“.

Бројни фишинг операции ја користат оваа варијанта на „RAT“ под маската на легитимни апликации, како што се „Instagram“ или „WhatsApp“, бројни платформи за е-трговија и антивирусни апликации.


Анализата на уредите на жртвите открила дека најмногу од нив живеат во САД, Кина и Индонезија, се наведува во извештајот. Повеќето жртви имаат „Samsung“ телефони, а следат „Xiaomi“, „Vivo“ и „Huawei“.

За да се одбраните од овие напади, избегнувајте преземање на апликации од сомнителни извори, не отворајте линкови во мејлови или СМС пораки и скенирајте ги апликациите со „Play Protect“ пред да ги пуштите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг