Можете ли да го препознаете младиот човек од фотографијата стара 30 години? Денес е супербогат и контроверзен …

Точка

28/06/2024

18:33

1.840

Големина на фонт

а а а

Според "Forbes", Маск моментално е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 221 милијарда долари.

Пред 30 години - напиша милијардерот Илон Маск, кој денеска го слави својот 53-ти роденден, објавувајќи на "X" своја фотографија од младоста. Под објавата многу следбеници му го честитале роденденот на сопственикот на "Х", но имало и такви кои почнале да го навредуваат. Нешто стандардно кога некој познат ќе објави нешто на социјалните мрежи …

Има и такви кои пишуваат дека е тешко да се препознае на фотографија од младоста. „Изгледаш толку безгрижно“, му напишал еден следбеник.

Според "Forbes", Маск моментално е најбогатиот човек на светот, неговото богатство се проценува на 221 милијарда долари.

Илон Маск е роден во 1971 година во Преторија, Јужна Африка. Неговата мајка работела како модел, татко му како инженер. Како дете бил малтретиран на училиште, еднаш завршил во болница откако врсниците го турнале по скали. Тоа не било идилично детство, а кога имал девет години неговите родители се разделиле и тој живеел извесно време со својот татко.

Како дете сакал да чита книги, особено „Господарот на прстените“, а потоа се „заразил“ со програмирање … Веќе на 12 години ја продал својата прва игра за 500 долари, но никогаш не бил премногу заинтересирани за училиште. Се гледал себеси во светот на бизнисот, имал многу идеи и успеал да ги реализира повеќето од нив.


Многумина го сметаат за крајно контроверзен, а тој дури и ја прифаќа таа улога…

Тој е сопственик на "Tesla", "Space X", "X", "Neuralink" …

Маск исто така допрва треба да го однесе човештвото на Марс, нешто што постојано го ветува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг