Барбиката од вселената пристигнува во Лондон

Точка

29/06/2024

10:30

1.396

Големина на фонт

а а а

Барбиката која била во вселената прв пат е изложена во јавноста во рамките на претстојната изложба на Музејот за дизајн во Лондон по повод одбележувањето на 65-годишнината на светски познатиот бренд за кукли.

Во април 2022-ра година, Кристофорети се вратила на ISS за својата втора мисија, Минерва, и во текот на мисијата ја извела својата прва вселенска прошетка, станувајќи прва Европејка која го направила тоа, наведува „ESA“

Во текот на престојот на орбитата, одговарала на прашањата на пет помлади девојки, вклучувајќи и зошто сакала да стане астронаут, а видеоснимките од разговорот ќе бидат прикажани на изложбата.

Мислам дека е големо достигнување за целокупниот тим што оваа кукла ќе биде изложена и многу повеќе луѓе ќе ја видат на оваа изложба“, рекла Кристофорети, која е поранешен борбен пилот во италијанското воздухопловство.

Компанијата за играчки „Mattel“, која ја произведува Барби, ја лансирале Барби куклата од Саманта Кристофорети во 2021-ва година по повод неделата на вселената, со цел девојките да се поттикнат да станат „следна генерација астронаути, инженери и вселенски научници“, наведува „ESA“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг