Болеста му го украла детството, а благодарение на технологијата сега има можност за поквалитетен живот

Точка

24/06/2024

10:36

6.083

Големина на фонт

а а а

Дете со тешка епилепсија станало првиот пациент на светот кој го тестирал новиот уред за контрола на нападите вграден во неговиот череп, пренесува „BBC“.

Со невростимулаторот, кој праќа електрични сигнали длабоко во неговиот мозок, Оран Нолсон ги намалил дневните напади за 80 проценти.

Неговата мајка Џастин за „BBC“ изјавила дека е посреќен и дека има многу поквалитетен живот.

Операцијата била направена во октомври како дел од испитувањето во болницата Грејт Ормонд Стрит во Лондон, кога Оран имал 12 години.


Оран, од Сомерсет, има Ленокс-Гастуатов синдром, облик на епилепсија отпорен на стандардно лекување кој се развил на возраст од три години.

Од тогаш секојдневно имал напади во распон од 20 до неколку стотини.

Неговата мајка, пред операцијата, објаснила дека епилепсијата доминирала со неговиот живот: Му го украла целото детство.

Рекла дека тој имал низа различни напади, вклучувајќи и такви од кои паѓал на земја, силно се тресел и губел свест.


Рекла дека повремено престанувал да диши и му била потребна итна реанимација.

Оран има аутизам и АДХД, но Џастин вели дека неговата епилепсија е неговата далеку најголема пречка: Имав прилично бистро тригодишно дете, и за само неколку месеци откако почнаа неговите напади, неговата состојба нагло се влошуваше и изгуби многу вештини, рекла таа.

Оран е вклучен во проектот „CADET“ – низа испитувања кои ја проценуваат безбедноста и ефикасноста на длабоката стимулација на мозокот за тешка епилепсија.


Партнерството ги вклучува Грејт Ормонд Стрит, Универзитетот Лондон, Кингс Колеџ и Универзитетот во Оксфорд.

Нападите на епилепсија ги започнуваат абнормални избои на електрични активности во мозокот.

Целта на уредот, кој емитува постојан пулс на струја, е да ги блокира или прекине абнормалните сигнали.

Операцијата, која траела осум часа, била направена во октомври 2023-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг