[ФОТО] Гуанџу: Три градови во еден, го нарекуваат и „фабриката на светот“

Точка

26/06/2024

17:50

19.806

Големина на фонт

а а а

Гуанџу е главен град на покраината Гуандонг и трет по големина град во Кина.

Гуанџу поинаку се нарекува и „фабриката на светот“ бидејќи речиси сите производи со ознаката „Made in China“ се произведуваат токму во овој град.

Ова е истовремено и најгусто населеното подрачје на планетата Земја.

Гуанџу е стар преку 2.000 години, а во текот на историјата бил значаен и како главен град на Патот на свилата. Освен тоа, тука се одржува и најголемиот кинески саем за увоз-извоз.

Една од занимливостите е црвениот тепих кој ќе го газите преку целата должина на централната улица на овој град, а гласната музика насред ден ќе ви го привлекува вниманието.

Три различни градови во еден

Шаренилото, ниската цена на гардеробата, свилата, чаевите и салоните за масажа се тоа што ќе го видите во овој град. Старото градско јадро малку се разликува од остатокот од градот.

Таму се гледаат британски згради од времето на колонијата, чисти улици и совршено уредени паркови, но и градби кои настанале за време на престојот на Французите и Португалците на овие предели. Во овој дел од градот е сочувана европската архитектура, а покрај неа има и дел кој ја претставува модерна Кина.

Облакодери, модерни згради, пространи плоштади и продавници на светските брендови се одвоени со само кратко возење со такси од европскиот до модерниот Гуанџу.

Токму поради тоа за Гуанџу се вели дека ќе имате чувство како да сте посетиле три различни градови во само еден ден, а забава нема да ви недостасува ни на секунда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг