Брз и освежителен десерт за секоја пригода: Испробајте го овој мрзлив колач со боровинки

Точка

26/06/2024

16:43

29.511

Големина на фонт

а а а

Мрзливиот колач со боровинки е освежителен десерт кој одлично оди со кафе и чај, но и со лимонада и слични пијалаци. За негова подготовка се потребни 15 минути, а за печење околу 45 минути.

Доколку сакате посладок вкус, колачот можете да го декорирате со шеќер во прав.

Потребни состојки:

- 400 грама брашно
- една ќесичка прашок за пециво
- 500 грама боровинки
- 3 јајца
- 200 грама шеќер
- еден лимон
- две ќесички ванилин шеќер
- 200 милилитри павлака
- 120 милилитри масло
- половина лажичка сол
- шеќер во прав (за декорација)


Подготовка:

Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете лесна и густа смеса. Потоа додадете павлака и масло и повторно изматете.

Додадете сок од еден лимон и кратко матете. Можете да додадете и кора од лимон. Соединете ги брашното и прашокот за пециво и додајте ги во смесата со јајцата. Нежно мешајте додека не се изедначи.

Во тавче со димензии 20х30 центиметри можете да ставите хартија за печење или едноставно да го подмачкате. Истурете половина од смесата во тавата и додадете 250 грама боровинки. Потоа истурете го остатокот од смесата и додадете ги преостанатите боровинки.

Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Кога колачот е готов, оставете го да се излади и по желба посипете го со шеќер во прав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг