Бидете внимателни: Ова овошје во комбинација со лекови може да резултира со труење и смрт

Точка

26/06/2024

16:02

5.109

Големина на фонт

а а а

Ако земате лекови за крвен притисок, антидепресиви, лекови за рак, лекови за срце или антибиотици, исфрлете го ова овошје од вашата исхрана.

Станува збор за грејпфрут или црвен цитрон, кои содржат хемикалии фуранокумарин кои ги спречуваат ензимите да го разградат лекот во цревата, поради што ефектот на лекот може да се удвои, па дури и тројно да се засили, и на тој начин да му наштети на телото, објавија истражувачите од „Универзитетот во Онтарио“.

Последиците од пиењето на сокот или јадењето грејпфрут во комбинација со овие лекови вклучуваат внатрешно крварење, промени во срцевиот ритам, оштетување на бубрезите и ненадејна смрт.


Од повеќе од 85 лекови кои не е добро да се земаат во комбинација со грејпфрут, 43 од нив може да имаат фатални последици.

„Една таблета со чаша сок од грејпфрут може да биде еднаква на десет таблети со чаша вода. Луѓето не веруваат кога ќе го слушнат тоа, но терапијата станува отров само поради сокот“, вели водачот на истражувањето, д-р Дејвид Бејли.


Тој и неговиот тим откриле дека лиметата и портокалот од сортата Sevilla имаат сличен ефект како грејпфрутот врз апсорпцијата на лековите, па затоа се препорачува да се избегнуваат доколку земате лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг