[ФОТО] Ова се првите фотографии од робо-таксито на „Rimac“. „Verne“ во Загреб ќе почне да вози во 2026-та

Точка

26/06/2024

13:29

8.029

Големина на фонт

а а а

Новата услуга за урбаната мобилност и нејзиниот екосостав се базира на три клучни елементи: целосно автономно електрично возило, софтверска платформа и специјализирана инфраструктура, се наведува од „Verne“.

Мате Римац во Загреб денеска ја претставува „Verne“, робо-такси услуга, но и изгледот на самите возила.


Претставувањето на новиот екосостав на урбана мобилност се случило во новиот кампус на Римац во близина на Загреб, каде тројцата со-основачи ја споделиле својата визија и го покажале дизајнот на нивното автономно возило, како и сите функционалности кои ќе ги нуди оваа услуга.


Компанијата ја основал Мате Римац и двајца негови најблиски колеги и пријатели од „Rimac Grupa“ – Марко Пејковиќ, сега главен извршен директор на „Verne“, и Адриано Мудри, дизајнер на „Nevera“ И главен директор за дизајн во „Verne“.


Новата услуга за урбаната мобилност и нејзиниот екосостав се базира на три клучни елементи: целосно автономно електрично возило, софтверска платформа и специјализирана инфраструктура.


Првата услуга на „Verne“ ќе започне во Загреб во 2026-та година, наведуваат од компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг