[ВИДЕО] "ChatGPT" пристигна во автомобилите "Volkswagen"

Точка

25/06/2024

13:31

6.542

Големина на фонт

а а а

Оваа технологија се наоѓа во сите возила од "ID" семејството, како и во новиот "Golf", "Tiguan" и во моделите "Passat".

До "ChatGPT" возачите ќе можат да дојдат преку гласовен асистент, а тој ќе може да го регулира клима уредот, навигацијата и уште многу работи.

Од "Volskwagen" рекле дека "ChatGPT" ќе може да бара информации за туристички атракции, или за резултати од некои спортски натпревари.

Се додава, исто така, дека вештачката интелигенција ќе може и да им помага на децата со задачи по математика.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот VW може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг