[ВИДЕО] За прв пат во историјата кинеско летало донесе примероци од „темната“ страна на Месечината

Точка

25/06/2024

10:51

2.104

Големина на фонт

а а а

Кинескиот лунарен модул "Chang’e-6" денеска се врати на Земјата, завршувајќи ја својата историска мисија да ги собере првите примероци од „темната страна“, односно далечната страна на Месечината. Државниот радиодифузер "CCTV" соопшти дека модулот успешно слетал во северниот регион на Кина, Внатрешна Монголија, кратко по 14 часот по локално време.

На снимката се гледа како модулот слетува на земја со помош на падобран. Така, Кина стана првата земја што собра примероци од страната на Месечината која е постојано свртена од Земјата. Претходната кинеска мисија "Chang’e" собра примероци од блиската страна на Месечината во декември 2020 година, повторно започнувајќи ги глобалните напори за собирање примероци од Месечината по 44-годишна пауза.

Tреба да донесе два килограми материјал

Мисијата "Luna 24" без екипаж, лансирана од поранешниот Советски Сојуз во 1976 година, собра 170 грама карпи од Mare Crisium на блиската страна на Месечината. Помеѓу 1969 и 1972 година, шест мисии "Apollo" со екипаж собраа 2.200 примероци со вкупна тежина од 382 килограми, исто така од блиската страна на Месечината.

По слетувањето на Месечината, "Chang’e-6" поминал 14 часа во дупчење, ископување и пакување два килограми материјал. Во 2020 година, сондата "Chang’e-5" имаше на располагање 21 час за постапката, а на крајот се врати со 1,73 кг лунарни примероци, наместо планираните 2 кг, бидејќи бушилката успеала да направи дупка длабока само еден метар наместо два метри откако дошла до непробојни слоеви под површината.

Зошто е важно да се собираат примероци од далечната страна на Месечината?

Џејмс Карпентер, шеф на лунарната научна канцеларија на Европската вселенска агенција, рече дека примероците собрани од мисиите "Apollo" од блиската страна на Месечината покажуваат дека басенот Јужен Пол-Ајткен на далечната страна бил формиран за време на екстремно тешко бомбардирање на Сончевиот систем, Земјата и Месечината.

„Ова е навистина клучен настан во историјата на целиот Сончев систем, но има одредена контроверзност околу тоа дали се случило или не“, рекол тој. „За да го разбереме ова, треба да ги усогласиме овие настани, а тоа ќе биде направено со помош на примероци од далечната страна на Месечината од басенот Ајткен.

„Тоа е рудник за злато. Ковчег со богатство“, рече планетарниот научник Џејмс Хед од Универзитетот Браун, кој заедно со кинеските научници анализираа примероци од мисијата Chang’e-5. „Месечината е всушност замрзната евиденција на она што се случило во раниот Сончев систем“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг