[ВИДЕО] Новиот документарец на Нетфликс ги воодушеви гледачите: „Најдобриот филм што сум го гледал“

Точка

20/06/2024

14:40

3.246

Големина на фонт

а а а

Број корисници на социјалните мрежи упатија бројни пофалби за новиот документарен филм на Нетфликс „Black Barbie: A Documentary“.

Филмот зборува за афроамериканската кукла Барби, која почна да се продава во 1980 година и нејзиното влијание врз девојките со темна кожа. Имено, темната барбика им помогнала на малите афроамерикански девојчиња да сфатат дека поради бојата на кожата не се ништо помалку вредни од другите девојчиња. Дотогаш класичната Барбика со светла кожа, руса коса и сини очи се сметаше за симбол на убавина и женственост.

„Black Barbie“ е режиран од Лагуерија Дејвис, а филмот се занимава со влијанието на три Афроамериканки кои биле вработени во „Mattel“ - Меј Мичел, Кити Блек Перкинс и Стејси Мекбрајд-Ирби. Тие три се одговорни за создавањето на темната Барбика, а Меј Мичел е тетка на Лагери Дејвис, па режисерката добил многу информации од прва рака.

„Во првите неколку години го истражувавме и развивавме сценариото. После тоа, се обидувавме да најдеме средства за да го направиме филмот“. Лагуерија не сакаше овој филм да биде посветен на Мател кој потоа ќе и диктира што да каже. „Кога се обидувате да испочитувате некоја култура што е можно повеќе, нештата може да потраат малку подолго“, изјавила продуцентот Алија Вилијамс.


Бројни корисници на социјалните мрежи изјавија дека се воодушевени од овој документарец и дека се чини дека Барбиката на режисерката Грета Гервиг, која минатото лето ја „излуди“ публиката, доби конкуренција. „Ова е најдобриот документарец што сум го гледал“, „Филмот ми ги разбуди најдлабоките емоции. Прекрасно, почит за Афроамериканките“, „Плачев гледајќи го овој филм“, се дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг