[ВИДЕО] Милчо Манчевски во обраќање на Инстаграм: „Четири години се борам со филмската мафија – ги предупредувам да не крадат“

Точка

20/06/2024

12:05

4.714

Големина на фонт

а а а

Милчо Манчевски во видео обраќање на Инстаграм изнесе свои ставови за работењето на филмската индустрија во нашата држава, каде спомнува дека тој веќе четири години се бори со одредени институции и одговорни лица. Во прилог ви ја пренесуваме неговата објава.

„Четири години се борам со филмската мафија – ги предупредувам да не крадат и да не уништуваат кариери, посочувам кај одговорните институции, пријавувам на соодветни места, укажувам јавно, поднесувам кривични пријави. За одмазда, партиската клика на власт ми вршеше политички прогон како укажувач на корупција, за што реагираше и меѓународната јавност.“

„После Анти-корупциска, ДЗР и Транспаренси, сега и Министерството за култура излезе со најсèопфатен извештај од стручна контрола врз работата на Агенцијата за филм. Тоа што комисијата составена од правници, инспектори и финансиски стручњаци откри десетици кривични дела, проневера, злоупотреба на службена должност, концентрација на моќ, несовесно работење, местени конкурси, фаворизирање на партиски апаратчици, неотчетност и неодговорност во Агенцијата за филм, а често поврзано со ДФРМ, е само потврда на тоа што го повторувам со години – хајката што филмската мафија се обидува да ја води против мене користејќи државни институции и државни пари е само обид да се скрие вистинскиот криминал и да се сврти вниманието“, вели Манчевски.

„Комисијата патем утврди и дека работата на мојата продукциска куќа, Банана филм е беспрекорна и дека Агенцијата тенденциозно и незаконски ја блокирала.“

„Како што реков лани – и покрај сè, јас морам да верувам во системот. Криминалот ќе бидат казнет.“

Текст и видео: Инстаграм




Спонзорирани линкови

Маркетинг