[ВИДЕО] Што разбира роботакси што е бандера?

Точка

19/06/2024

13:32

6.580

Големина на фонт

а а а

Откако компанијата „Cruise“ минатата година ги повлече своите роботакси возила од Соединетите Американски Држави поради бројните несреќи, слични проблеми сега има и проектот „Waymo“ на „Google“.

Имено, како што наведуваат медиумите, нивните автономни возила не препознаваат бандери и слични објекти, па не знаат како да ги избегнат.

Токму од таа причина, „Waymo“ повлече 672 свои автономни возила.

Проблемот е откриен на 21-ви мај, кога „Waymo“ такси во Феникс удрило во дрвена бандера со улично осветлување.

Во моментот на несреќата во возилото немало луѓе, но автомобилот бил значајно оштетен. Истрагата покажала дека возилата можат да удрат во столбови во четири сценарија, вклучувајќи и ситуации каде мапата не прикажува тротоар на патот, или системот дава проценка дека оштетувањето ќе биде минимално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг