Папагали се виделе по долго време и не можеле да престанат да се бакнуваат

Точка

18/06/2024

20:29

3.701

Големина на фонт

а а а

Два сини папагали, чие видео беше објавено на Инстаграм, собраа многу симпатии кај корисниците на таа социјална мрежа. Имено, по средбата после долго време, тие изгледаат како најблиски пријатели на светот.

Кога повторно се виделе, Рио и Зевс не можеле да ја задржат радоста. Рио делува толку возбудено што кога го гледа Зевс почнува да испушта звуци кои неодоливо потсетуваат на „те сакам“ и „бакни ме“.

Зевс е подеднакво возбуден што го гледа својот драг пријател и го бакнува без размислување.

Сопственикот го овековечил симпатичниот момент со папагалите на камера, а неговиот ентузијазам за симпатичната сцена го делат и многу други.

„Пријатели кои се бакнуваат на француски начин“, „Каква Казанова“, „Птиците имаат повеќе акција од мене“, се само дел од коментарите на корисниците на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг