Питбул териерите често имаат лоша репутација, а поради тоа многумина луѓе избегнуваат да ги посвојат, иако во суштина тие се исклучително приврзани и нежни кучиња. Како и кај секоја раса, начинот на кој тие се одгледуваат има големо влијание врз нивното однесување. Доколку од мали ги опкружувате со љубов, тие несебично ќе ви возвратат на љубовта. Но, што ќе се случи кога питбул расте со мачки?
Ова нѝ го покажа Опи, питбулот кој го споделува домаќинство со три кучиња и неколку мачки. Додека неговите браќа, сибирското хаски и двајцата австралиски овчари, се полни со енергија и постојано се во движење, Опи се однесува како мачка. Наместо да трча низ дворот, тој претпочита да биде внатре, склопчен, најчесто со мачките кои го одгледале.
Инаку Опи живеe со мачки уште од мали нозе, кои веднаш го прифатиле како свој, па поради тоа ги усвоил нивните навики. Обожава да лежи на топли места каде што грее сонцето, постојано се трие од луѓе и други животни, а кога ќе легне секогаш ги вовлекува нозете под телото. Понекогаш дури и „меси“ со шепите, што е типично однесување на мачките кога се среќни и задоволни. Снимката преку која неговите сопственици покажаа како се однесува Опи собра 86 милиони прегледи.
Кучињата можат да ги усвојат навиките на другите животни
Опи не е исклучок. Кога кучињата растат со мачки, тие често преземаат некои од нивните особини. Кучињата кои растат со мачки стануваат не само потолерантни кон нив, туку и подобро ги разбираат нивните граници.
Често може да се забележи дека кучињата кои живееле со мачки развиваат навика да се тријат од луѓето. Токму затоа многу засолништа низ светот се обидуваат да сместат млади кученца во домови со мачки за да ги навикнат да живеат заедно. Кучето кое добро се согласува со мачките станува значително попожелно за посвојување, особено за оние кои имаат мачки или планираат да подоцна да посвојат.