Хаската Милперт и нејзината посветеност во чувањето на својата бремена сопственичка, а потоа и на нејзиното дете, е една од најубавите сцени што ќе ги видите денеска.
Сопственикот на Милперт споделил видео на Фејсбук во кое открива како хаската прво ја чувала неговата бремена партнерка, а подоцна и нивното дете кога се родило.
From My Husky Taking Care Of My Baby, To My Baby Taking Care Of My Husky!😭🥰. #huskyloveFrom My Husky Taking Care Of My Baby, To My Baby Taking Care Of My Husky!😭🥰. #huskylove
Posted by Milperthusky on Tuesday, June 11, 2024
Во првите кадри од видеото, сопственикот на Милперт го гали стомакот на својата партнерка, додека хаската нежно ја потпира главата на него. Кучето во ниту еден момент не ја испушта раката што го гали стомакот од вид, за да се убеди дека сè што прави сопственикот ѝ е пријатно на трудницата. Таа го уверува дека сè е во ред.
Во следните кадри можете да го видите воодушевувањето на Милперт со новороденчето. Тој постојано го чува и е секогаш наоколу за да се увери дека бебето спие добро и е безбедно. Хаската учествува во сите активности кои се однесуваат на детето - од заспивање до хранење.