„Брат Србин знае што е добро“: Познатиот пејач објави фотографија на Инстаграм која ја коментира цел Балкан, овие детали е невозможно да ги пропуштите

Точка

18/06/2024

15:00

4.441

Големина на фонт

а а а

Абел Тесфаје, светски познат пејач, продуцент и текстописец попознат под прекарот The Weeknd, со новата објава на Инстаграм предизвика бројни реакции особено кај Србите.

Пејачот на Инстаграм објавил фотографија од т.н. „stop motion“ кукла која има посебни карактеристики и се користи за снимања и анимации.

Овие кукли се флексибилни и лесно се свиткуваат, иако Србите на оваа фотографија пронашле многу поинтересни детали во позадина.


Станува збор за неколку српски производи односно кисела павлака и флаширана вода од познати српски брендови, како и чепкалки за заби кои се произведуваат во Србија.

Ова навело многумина да помислат дека познатиот музичар го посетил нашиот северен сосед. Други пак наведуваат дека станува збор за домашен уметник кој за пејачот изработува некој вид сценографија, па пејачот го објавил материјалот кој го добил во вид на фотографија.


„Ацо, Србине“, „Абел е Србин“, „Брат Србин знае што е добро“, „Човекот стана балканец“, се дел од коментарите под објавата, некои напишани дури и на кирилица.

За потсетување, The Weeknd неодамна изјави дека сака да се ослободи од своето алтер-его односно дека „сака да го убие The Weeknd“.

Како што музичарот наведе во интервју за „W Magazine“, сака да ја продолжи кариерата под вистинското име - Абел Тесфаје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг