[ФОТО/ВИДЕО] Од фустанот на новата албанска мисица буквално „ви се врти во главата“: Глетката го „запалила“ интернетот – многумина велат дека е „неопеан кич“, додека за други е чист спектакл

Точка

17/06/2024

19:52

14.050

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена во Тирана се одржа изборот за „Мис Универзум“, односно за најубава жена на оваа соседна земја која ќе ги претставува на светскиот избор за „Мис Универзум“.

Победничка е Франческа Рустем, а додека мислењата за впечатливиот изглед на оваа атрактивна дама се поделени, едно е сигурно, нејзината, но и тоалетите на сите други натпреварувачки таа вечер, блескале посилно и од електричните сијалички.

Имено, на социјалните мрежи кружи видео на кое Франческа со бакнеж од сцената се заблагодарува за победата, додека останатите убавици полека ѝ се приближуваат, а најсилен впечаток дефинитивно оставиле фустаните на сите овие девојки.


Натпреварувачките носеле многу гламурозни и заводливи креации со потпис на луксузен албански бренд, а сите биле проткаени со светки, циркони и монисти кои блескале до таа мера што едноставно имале заслепувачка моќ.

И додека за некои ова било спектакуларна глетка, многумина го сметаат за неопеан кич, па и коментаторите на социјалните мрежи се поделени во тие два табора.

Фустанот на Франческа предизвикал најмногу дебати, со оглед на тоа што бил најекспониран поради победата.


Имено, 20-годишната Мис Универзум на Албанија носела исклучително предизвикувачка тоалета со куп сребрени светки кои ја следеле линијата на телото, но ја краселе и провокативни детали во вид на длабоко деколте и прилично смел шлиц.

Шлицот бил толку длабок што стигнувал речиси до половината и дури ја открил и долната облека на Франческа со боја на кожа.

Помпезната тоалета доаѓа во комплет со волуменизирана бела наметка, со која мисицата позирала за потребите за фотографирање, но за најубава била прогласена без неа.

„Кралица на луксузот“, „Каква класа“, „Преубава девојка“, „Ме собори од нога“, „Заслужена победа“, се само дел од позитивните коментари, но имало и многу гласни критики.


„Правец во Дубаи за заблагодарување за победата“, „Зошто добар дел од натпреварувачките имаат отечени усни од интервенции?“, „Од кога пластичните девојки се синоним за убавина?“, „Невкусен фустан за толку млада девојка“, „Уште една кандидатка за девојка на опасен криминалец“, „Избор за мис пластика“, „Ме болат очи од онолкав кич“, „Убав фустан, но зошто ваква вулгарност?“, се само дел од погрдите забелешки.

„Никогаш не сум била „бомбардирана“ со толку негативни коментари, но се надевам дека преку мојата работа ќе ги претворам во позитивни“, изјавила таа по победата во интервју за извесно албанско радио.