[ВИДЕО] Со овој едноставен трик може значително да ја зголемите моќноста на моторот

Точка

17/06/2024

17:01

6.582

Големина на фонт

а а а

Тука не станува збор за тјунинг, па дури и за денешните многу популарни електронски модификации. Уште поедноставно е.

Сè што треба да направите е да ја намалите количината на масло во моторот. Се разбира, овој потег е во спротивност со здравиот разум и сè што научивме за суштинските улоги на маслото во моторот. Сепак, оваа работа функционира, а конкретен тест покажува до кој степен.

На "YouTube" каналот "The Motor Oil Geek" објавен е тест на моторот на динамометар со различни количини на масло. Тестот беше извршен во соработка со Бен Страдер од приватното техничко училиште при Универзитетот ЕФИ, а на тестот беше подложен мотор на Шевролет "V8".

Започнуваат со минимална количина на масло, па не е чудно што притисокот на маслото е низок. Сепак, мерниот уред покажува максимална моќност од дури 649 коњски сили (и 617 Nm). Додаваат масло и притисокот во моторот се зголемува на прифатливо ниво. За жал, моќноста паѓа на 630 коњски сили.

Конечно, со декларираната количина на масло, моќноста на моторот достигнува 569 коњски сили (и 559 Nm), што е за околу 10 проценти помалку од почетната вредност. Овој тест покажува како намалувањето на нивото на маслото навистина создава поголема моќност од моторот. Помалку масло во моторот значи помалку триење и помалку течност што ја „сопира“ ротацијата на моторот.

Овој метод се користи во кратки трки, каде што се случуваат краткорочни оптоварувања како што се трките со забрзување. Во секој случај, ваквата „пракса“ не се препорачува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг