Дали знаете зошто овие таблички се продадени за 1,68 милиони долари?

Точка

14/06/2024

13:16

6.633

Големина на фонт

а а а

Колекционерските регистарски таблички веќе долго време се голем бизнис, а во Австралија едни се продадени за 1,68 милиони долари.

Овој износ е доволен за купување на огромна куќа и барем два суперавтомобили, но оние со подлабоки џебови тоа баш и не го гледаат на тој начин.

Станува збор за регистарски таблички со бројот 20, кои се пријавени во австралиската држава Викторија. Табличките имаат две ознаки, кои се меѓу 90 постоечки двоцифрени во државата, односно едни од само десет со кружен број.

Иако звучи лудо да се потрошат толку пари на регистарски таблички, тие сепак станале голем бизнис, па вредноста нагло им пораснала во минатите години.

Ваквите таблички не се на цена само во Австралија, туку и во другите делови од светот. Што помалку броеви на нив, табличките се поскапи.

Пред неколку години овие таблички биле забележани на обичен модел на „Mercedes C200“ караван, иако се поскапи 50 пати од самиот автомобил.

Исто така, ова не се најскапо продадените австралиски таблички, бидејќи во јануари бил поставен рекорд за табличките со број 1, чија цена изнесувала 8 милиони долари.