Удинезе назначи тренер без никакво искуство во италијанскиот фудбал

Дерби

14/06/2024

12:26

1.474

Големина на фонт

а а а

Удинезе со доста мака успеа да обезбеди опстанок во Серија А и тоа благодарение на Фабио Канаваро кој во завршницата на сезоната му ги донесе потребните бодови за елитен фудбал и во кампањата 2024/2025.

Меѓутоа ова за управата не беше доволно и Канаваро експресно си замина од Удине, па клубот се активираше на пазарот и денеска го потврди името на новиот тренер.

Се работи за стратег кој досега нема работено во италијанскиот фудбал-тоа е 53-годишниот Коста Руњаиќ. Неговиот последен ангажман беше во полска Легија, земја во која беше главен и во Погон, додека претходно водел само тимови од Германија.