[ФОТО] "BMW" ја претстави освежената Серија 2

Точка

13/06/2024

13:09

3.901

Големина на фонт

а а а

"BMW" ја претстави ажурираната Серија 2 во средата, а промените се повеќе од суптилни во споредба со моделот во заминување. Продажбата треба да започне во август, со благ пораст на цените на целата линија.

Кога станува збор за моторизација, нема промени. Понудата вклучува четири бензински и еден дизел модел.

Основниот "BMW 218i" користи 2.0 бензински 4-цилиндричен мотор со 115 kW/156 коњски сили благодарение на што од 0 до 100 km/h достигнува за 8,7 секунди.


Следен во гамата е "BMW 220i" со 135 kW/184 коњски сили. Забрзувањето до 100 km/h трае 7,5 секунди.

Купувачите на кои тоа не им е доволно може да го изберат "BMW 230i" со 180 kW/245 коњски сили, кој забрзува од 0-100 km/h за 5,9 секунди.

На врвот на гамата е "M240i xDrive" со 3,0-литарски четирицилиндричен мотор со 275 kW/374 коњски сили и погон на 4 тркала.


Спринтот до 100-ка трае само 4,3 секунди.

Дизелот е 220 d, кој под хаубата крие мотор 2.0 со 4 цилиндри и 140 kW/190 коњски сили. Автомобилот од место до 100 km/h забрзува за 6,9 секунди.

"BMW Серија 2" од 2025 година добива нов, опционален пакет „M Sport Professional“ со затемнети надворешни детали и дополнителен спојлер.


Баварскиот производител нуди и неколку нови опции за бои, вклучувајќи го Вегас црвена (се гледа на фотографиите) и "Zandvoort Blue", кој претходно беше ексклузивен за "M2", но сега е достапен и за "M240i".

Најголемата иновација во кабината е инфозабавниот систем кој го користи системот "iDrive 8.5" на "BMW", за кој се вели дека е малку полесен за користење од претходната верзија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг