Почина легендата на кошарката Џери Вест

Макфакс

12/06/2024

17:06

8.774

Големина на фонт

а а а

Легендарниот кошаркар, генерален менаџер и функционер Џери Вест (87) почина во САД.

Џери Вест е еден од највлијателните луѓе во историјата на кошарката, бидејќи беше играч на Лос Анџелес Лејкерс кога тие ја освоија шампионската титула во 1972 година.

Тој е запаметен како единствениот играч во историјата на НБА кој бил МВП на финалињата, а неговиот тим го загубил финалето. Тоа се случи во серијата со Бостон Селтикс во 1969 година.

Како генерален менаџер беше основач на познатите „Шоутајм“ Лејкерс предводени од Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар, потоа го донесе Шекил О’Нил од Орландо во Лејкерс и беше творец на последната династија со три последователни титули.

Во модерната ера на кошарката, највлијателен тим се Голден Стејт Вориорс, каде Џери Вест беше еден од главните луѓе за создавање на тимот.

Логото на НБА, кое е познато во целиот свет, е силуетата на легендарниот Џери Вест.

Дресот на Лејкерси го носеше од 1960 до 1974 година, 14 пати беше Ол-стар.

Еднаш беше најдобар стрелец и асистент во сезоната, а во 10 наврати беше избран во идеалната петорка.

Четири пати беше дел од најдобрата одбранбена петорка во НБА лигата, а во чест на Вест Лејкерси го пензионираа бројот 44. Во професионалната кариера постигна вкупно 25.192 поени (27 по натпревар), забележа и 5.366 скока и 6.238 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг