[ВИДЕО] Кевин Спејси заплакал среде интервју: Актерот не успеал да ги задржи солзите по едно прашање – открил дека ја изгубил куќата и дека должи милиони

Точка

12/06/2024

12:05

3.826

Големина на фонт

а а а

Кевин Спејси гостувал во шоуто на Пирс Морган во неговото прво големо интервју откако беше обвинет за сексуално злоставување во 2017 година.

64-годишниот актер минатата година беше прогласен за невин пред британскиот суд по сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година, а во 2022 година американскиот суд ја отфрли тужбата против него за сексуален напад.

Правната битка на Спејси и фактот што Холивуд му ги затвори вратите го доведоа до раб на банкрот, а актерот се расплакал во интервјуто и признал дека должи милиони поради правни трошоци.

На прашањето на водителот каде живее сега, Спејси изјавил: „Па, смешно е што ми го поставуваш ова прашање бидејќи оваа недела куќата во која живеев во Балтимор е запленета. Мојата куќа се продава на аукција“.

„Значи, одговорот на тоа прашање е, не сум сосема сигурен каде ќе живеам во моментов, но јас сум во Балтимор откако почнавме да ја снимаме „House of Cards“ таму“.


„Должам милиони“

Актерот открил дека неговата куќа е запленета бидејќи не може да ги плати долговите, а на прашањето дали му се заканува банкрот, Спејси изјавил: „Размислував да поднесам барање неколку пати, но успеавме некако да го избегнеме тоа, барем до денес“.

Тој додал дека „нема пари“ и дека се бори да ја плати огромната сума на правни трошоци кои се мерат „во милиони“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг