„Тој беше како зомби, а неговите песни беа крик за помош“: Откриени нови детали од животот на музичарот кој се самоуби на 28-годишна возраст

Точка

11/06/2024

19:36

5.980

Големина на фонт

а а а

Шведскиот диџеј Авичи, со вистинско име Тим Берглинг, почина во 2018 година, а остана запаметен како еден од првите музичари што ја подигна електронската денс музика (EDM) до „мејнстрим“ ниво и глобален успех. Се смета дека Авичи засекогаш ја промени траекторијата на поп жанрот.

Во новиот документарен филм „I’m Tim“ е прикажано како Авичи се борел со зависноста од лекови против болки кон крајот на својот живот и дека изгледал како „зомби“, пишува „Daily Mail“.

Тој водел тешка битка со зависноста од таблети и анксиозноста од која никогаш не успеал да се ослободи. Како што пишуваат странските медиуми, тој некогаш бил во толку лоша состојба што очите му изгледале како „шпенадли“, а тоа го потврди и Џеси Вејтс кој му станал како постар брат.


Во документарецот, тој опишал дека за време на една вечера Авичи „не бил таму“, иако очите му биле „широко отворени“. Филмот во неделата ја имаше светската премиера на „Tribeca Film Festival“.

Филмот го прикажува самиот Авичи, а се темели на неговото интервју кое го дал кон крајот на својата кариера. Тој страдал од анксиозност и депресија, а морал постојано да работи.


„Сè уште бев анксиозен, но сепак почнав со настапи“, рекол тој. Кога во 2015 година дошло време да го сними својот втор албум и да продолжи да настапува, Швеѓанецот повеќе немал сили да продолжи. Ги откажал сите настапи и се концентрирал на создавање на албумот „Stories“. Кога било предоцна, неговите колеги сфатиле дека неговите текстови се повик за помош.

Иако почнал и со терапија за анксиозност, неговите пријатели рекле дека враќањето на турнејата би можело да го „дотолчи“.


„Сè ми стана премногу. Не верував дека можам да забавам и да го сменам начинот на кој настапував. Видов како другите ги прават истите работи како мене и не им пречеше. Почнав да полудувам“, своевремено изјави Авичи кој додал дека мислел дека има сè што му треба на овој свет за да биде среќен, но не било така.


Набргу потоа се повлече и ја прекина соработката со својот менаџер Араш Пурнури. Еден месец по неговото повлекување, диџејот изјави дека се чувствува исто како да има 18 години, но две години подоцна си го одзеде животот.

По неговата прерана смрт, семејството на Авичи ја основа Фондацијата Тим Берглинг, за да му оддадат почит на животот и наследството на покојниот музички продуцент и да ја поттикнат свеста за менталното здравје, особено кај младите луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг