Новиот "Lamborghini" цели на 900 коњски сили

Точка

08/06/2024

10:52

7.330

Големина на фонт

а а а

Новото "Lamborghini", засега познато само по внатрешното кодно име "634", би требало да биде многу моќно.

Новиот твин-турбо V-8 мотор веќе е познато дека има 789 коњски сили, но замената на "Huracan" ќе биде хибрид. Тоа значи дека повеќе моќ ќе доаѓа од електричните мотори, а шефот на "Lamborghini" Стефан Винкелман неодамна навести за комбинирана моќност од повеќе од 887 коњски сили.


Извршниот директор неодамна објави официјален вовед во "634" на "LinkedIn", откривајќи ги перформансите на системот со комбинација на "SUS" и електрични мотори. Тој не сподели повеќе од тоа, но не е тешко да се каже дека конечната бројка би можела да надмине и 900 коњски сили.

Откритието на Винкелман доаѓа само неколку недели по официјалното објавување на моторот V-8 од "Lamborghini".

Станува збор за "4.0 V8 Twin Turbo" во хибрид, кој ќе има максимални 10.000 вртежи во минута. Се вели дека е целосно нов мотор базиран на 3,8-литарскиот концептен мотор од автомобилот "SC63", направен за 24 часа Ле Ман.

Новиот модел наводно ќе се вика "Темерарио", а покрај бензинскиот „ѕвер“ ќе има и три електромотори и нов осумстепен менувач развиен за врвниот модел "V12". Електричниот мотор се наоѓа помеѓу моторот и менувачот, а развива 150 коњски сили и 300 Nm. "Lamborghini" ветува врвни перформанси, но и посебен звук на V8.

„Клучен елемент на процесот на дизајнирање беше да се подобри звукот, да и се даде на новата единица уникатен и посебен карактер и да се обезбеди неспоредливо искуство во возењето. Карактеристиките на новиот V8 се засилени во крешендо кое го достигнува својот врв на високо ниво“, велат од "Lamborghini"

Наследникот на "Huracan" ќе дебитира во август.




Спонзорирани линкови

Маркетинг