[ВИДЕО] Откриени гробиштата на класиците на Фолксваген. „Тие се во неверојатно добра состојба“

Точка

06/06/2024

13:25

9.230

Големина на фонт

а а а

Во напуштен рудник во Швајцарија, откриени се автомобилски гробишта исполнети со десетици култни голфови, буби и други класици од 60-тите години. Неверојатната колекција дури покажува дека моторите се во изненадувачки добра состојба, и покрај влажната средина во која очигледно се наоѓаат со децении.

До откритието дошол истражувачот Боб Тисен, кој објавил видео од автомобилите. Тој вели дека рудникот има пет километри тунели и се протега на три ката.

Во рудникот снимил десетици заборавени "VW" модели како класични голфови и буби од 1960-тите и 70-тите години, а имало дури и "VW Passat" од различни епохи. Холандскиот истражувач наведува дека има околу 40 примероци кои се во „изненадувачки добра состојба“.

Иако влагата ја оштетила внатрешноста на автомобилот, изгледа дека каросериите се добро сочувани. Тисен не ја открива точната локација на рудникот, но вели дека се чини дека многу од пронајдените автомобили биле оставени тука кога биле сосема нови.

Локалните медиуми објавија дека не е јасно чија сопственост се автомобилите, но некои сугерираат дека рудникот можеби се користел како складиште за трговец кој сакал да ги користи моторите како резервни делови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг