Тинејџер Рекс: Деца за време на игра откриле џиновска коска од диносаурус тежок 1,6 тони

Макфакс

04/06/2024

21:31

16.765

Големина на фонт

а а а

Браќата Лијам и Џесин Фишер кои имаат 7 и 10 години, пронашле фосик во пустина во Северна Дакота.

Редок фосил од млад тираносаурус рекс бил ископан во пустина во Северна Дакота. Откритието на фосилот, кој е наречен "Тинејџер Рекс", денеска го објави Музејот за природа и наука во Денвер, каде фосилот ќе биде проучуван и изложен, пренесува "Reuters".

Во јули 2022-ра година, браќата Лијам и Џесин Фишер, коите тогаш имале седум и десет години, заедно со роднината Кејден Медсен и татко им Сем си играле барање фосили, а големата коска која ѕирка од земја ја забележале Лијам и неговиот татко.


„Таткото прашал: "Што е ова?" А Џесин рекол: "Тоа е диносаурус"“, се потсетува Лијам, кој сега има девет години.

Сем Фишер му пратил фотографија од својот пронајдок на палеонтологот Тајлер Лајсон, кој е вработен како кустос во денверскиот Музеј.


На почетокот од истражувањето не се знаело дека станува збор за тираносаурус рекс, туку се сметало дека станува збор за диносаурус кој јаде билки.

Тираносаурус рекс, кој лутал низ западна Северна Америка, бил еден од најголемите месојадни диносауруси. Изгледа дека откриениот тираносаурус имал меѓу 13 и 15 години, бил долг 7,6 метри, а тежок 1.600 килограми.


Можеби најпознатиот примерок на тираносаурус рекс е оној по име Су во Филд музејот во Чикаго, кој е долг 12,3 метри.

Тираносаурус рекс живеел пред околу 67 милиони години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг