Збогум финансиски експерти? Ново истражување тврди дека вештачката интелигенција е поуспешна во финансиските вложувања

Точка

29/05/2024

19:19

7.834

Големина на фонт

а а а

„GPT-4“ ги надминува човечките аналитичари во финансиските предвидувања, револуциoнирајќи ја финансиската индустрија со својата врвна прецизност и изведба на стратегија за тргување, тврдат авторите на новите американски истражувања.

Новото истражување на американските научници ја нагласува супериорноста на „ChatGPT“ на „OpenAI“ над човечките финансиски аналитичари. Истражувањето кое го спровела Бизнис школата „Booth“ на Универзитетот Чикаго, открива дека тој голем јазичен „AI“ модел е одличен во анализата на финансиските извештаи и предвидувања на заработката.

Дури и без наративи или информации специфични за индустријата, „CHAT Gpt“ ги надминува финансиските аналитичари во својата способност за предвидување на промените на заработката, тврди истражувањето. Таа предност посебно е забележлива кога аналитичарите ќе се соочат со потешкотии, додаваат авторите на истражувањето.


Користејќи упатства на таканаречен „ланец на мисли“, „GPT-4“ е воден за препознавање на трендови во финансиските податоци и пресметување на различни финансиски соодноси. Потоа ја користел таа анализа за предвидување на идните заработки.

Кога користиме ланец на мисли за да копираме човечко размислување, откриваме дека „GPT“ постигнува точност од 60 проценти, што е неверојатно повеќе од тоа што го постигнале аналитичарите, се наведува во истражувањето. Наспроти тоа, човечките аналитичари постигнале точност во предвидувањата во низок распон од 50 отсто.


Авторите на истражувањето сугерираат дека способноста на „GPT-4“ да ги препознае финансиските обрасци и деловни концепти, дури и со нецелосни податоци, тој „AI“ модел го позиционира како вредна алатка за носење на финансиски одлуки.

Дополнително, со примена на увидите на „GPT-4“ во стратегијата за тргување се добиле подобри резултати, надминувајќи ги перформансите на берзата. Сметаме дека долго-кратка стратегија базирана на „GPT“ прогнози го надминува пазарот, заклучуваат авторите.


Сепак, иако во истражувањето тоа не се споменува, вештачката интелигенција има тенденции да халуцинира податоци, што е комплексен проблем кој секој што користи „AI“ алати треба да го има на ум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг