[ВИДЕО] Наезда на милијарди штурци: Она што моментално се случува во САД делува нереално

Точка

27/05/2024

18:29

1.585

Големина на фонт

а а а

Американците повторно се борат со наезда на штурци, поточно фараонски цикади, а остатокот од светот ја следи нивната борба на ТикТок.

Илиноис, Тенеси и уште неколку американски држави се најдоа на патот на роеви цикади, па сцените во тие делови на САД се библиски. Американските медиуми пишуваат дека станува збор за буквално милијарди бучни инсекти кои ги зафатиле улиците, дворовите и парковите на градовите низ САД.


Историски настан

Вакво нешто не се случило повеќе од два века, а причината е совпаѓањето на две различни легла на цикади. Имено, овие инсекти поминуваат одреден број години под земја пред да излезат на површината и да учествуваат во бучен ритуал на парење. Токму тоа се случува сега ширум САД.

За љубителите на инсекти, ова е прилика која се пружа еднаш во животот - да доживеат како две легла на штурци излегуваат заедно од земјата. Последен пат тоа се случило во 1803 година, кога Томас Џеферсон бил претседател. „Тоа е нешто што никој жив денес не го видел и никој жив денес никогаш повторно нема да го види“, изјавил Џим Лоудерман, помошник за собирање инсекти во музејот Филд во Чикаго.

А еве како тоа изгледа на видеата на жителите на тие подрачја...


@nashgal1010 #cicada2024 #flyingaimlessly #infestation #1monthtogo ♬ Bad Reputation - Joan Jett




Спонзорирани линкови

Маркетинг