Началникот на одбраната на Уганда, Мухузи Кајнеругаба, бара од Турција милијарда долари и брак со „најубавата жена“ во земјата.
Началникот на одбраната на Уганда и син на претседателот на таа земја, Мухузи Кајнеругаба, побара од Турција една милијарда долари и брак со „најубавата жена“ во Турција, тврдејќи дека тоа е надомест за придонесот на Уганда за безбедноста во регионот, притоа заканувајќи се со прекин на дипломатските односи.
Кајнеругаба, во серија објави на социјалната мрежа „X“, порача дека Уганда во рок од 30 дена ќе ги прекине дипломатските односи и ќе ја затвори турската амбасада во Кампала доколку неговите барања не бидат исполнети.
This guy, Muhoozi Kainerubaga is the chief of the Ugandan 🇺🇬 Army, son of the dictator Museveni an possible future leader of the country
— Clément Molin (@clement_molin) April 11, 2026
Here, he is threatening Turkiye 🇹🇷, asking for 1 billion $ and the most beautiful turkish woman as a wife or he stops diplomatic relations. pic.twitter.com/xPORjQTVHm
Во објавите тој тврди дека Турција остварува значителна корист од бизнис и инфраструктурни проекти во Сомалија, вклучително и пристаништа и аеродроми во Могадишу, додека Уганда, според него, со години го носи главниот безбедносен товар, пренесува "NDTV".
Кајнеругаба истакна дека Уганда треба да добие милијарда долари како „безбедносна дивиденда“, со порака дека во спротивно ќе ја затвори турската амбасада.

Во истите објави изнесе и контроверзно барање Турција да му ја „предаде најубавата жена во земјата“ за да ја ожени.
Тој предупреди дека односите меѓу Уганда и Турција не треба да се сведат на „игри на социјалните мрежи“, но истовремено најави можност за брз прекин на дипломатските врски.

Кајнеругаба им препорача и на граѓаните на Уганда, од безбедносни причини, да избегнуваат патувања во Турција.
Во своите објави изрази и поддршка за Израел, наведувајќи дека е подготвен да испрати 100.000 угандски војници за заштита на „светата земја“.
Ова не е првпат Кајнеругаба да привлече внимание со необични изјави – во 2022 година понуди, како што самиот наведе, 100 крави за брак со италијанската премиерка Џорџа Мелони.











