Жена пронашла машка торба со документи и 3500 евра: Отишла на адресата да го врати изгубеното, па доживеала шок

Точка

27/05/2024

13:32

40.832

Големина на фонт

а а а

На многумина им се случило некаде да го изгубат својот паричник, и во повеќето случаи тие се опростуваат и од изгубените пари, но и од личните документи.

Во главно пронаоѓачите ги земаат парите, па го фрлаат паричникот со документите. Но, има и такви кои се трудат да вратат нечиј изгубен паричник.

Тоа неодамна го направила и една корисничка на Х, но она што следело ја шокирало.

„Најдов машка торба на улица. Во неа 3500 евра, нешто динари и лични документи. Ја носам на адресата и наместо „фала“ ме напаѓа сопругата на дотичниот како господинот ја заборавил торбата кај мене. Во шок сум“, напишала оваа корисничка на некогашниот Твитер.

Во коментари се јавила и госпоѓа која споделила дека еднаш пронашла паричник со 200 евра и документи, а кога го пронашла сопственикот и му ги вратила парите, тој ѝ одговорил дека внатре имало 300 евра, а не 200.

„Го носиш паричникот во полиција и гајле ти е. Вака си очекувала чест, а си добила навреда“, гласел еден од коментарите по повод оваа ситуација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг