Уште една ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли му зададе низок удар на својот татко: Додека нејзините родители војуваат на суд, тинејџерката јасно одбрала страна

Точка

27/05/2024

11:00

2.886

Големина на фонт

а а а

Во екот на војната на поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит, нивната ќерка Вивиен се откажа од презимето на нејзиниот татко.

Со овој потег таа одлучила да застане на страната на нејзината мајка по нивниот бурен развод.

Како што објави магазинот „People“, Вивиен го навела само презимето Џоли во податоците за бродвејската претстава „The Outsiders“, каде работи како волонтерка асистентка.


Анџелина е главна продуцентка на споменатата претстава, а неодамна изјави дека Вивиен е сериозна кога станува збор за работата во театар и дека напорно работи за да придонесе во претставата.

Постарата сестра на Вивиен, Захара, се реши на истиот чекор во ноември минатата година. Имено, додека се придружувала на сестринството Алфа Капа Алфа, таа се претставила како Захара Марли Џоли и со тоа потврди дека повеќе не го носи презимето на нејзиниот татко.


Покрај Вивиен и Захара, поранешната актерска двојка има уште четири деца: Медокс, Пакс, Шајло и Нокс. Анџелина неодамна во едно интервју изјави дека се чувствува изгубено во последните 10 години и дека им требало долго време за да закрепнат. Сепак, таа не сакаше да ги открие деталите за разводот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг