[ФОТО/ВИДЕО] Мила Кунис и Ештон Качер првпат ги покажале своите деца и тие се преслатки, но нималку не наликуваат на нив: Парот признале дека ги капат децата само кога се валкани или мирисаат

Точка

26/05/2024

17:39

5.734

Големина на фонт

а а а

Ештон Качер и Мила Кунис во саботата вечер уживале во семејното излегување со своите деца, откако неколку месеци не се појавувале во јавноста поради скандалот кој следел откако го поддржале својот колега и пријател Дени Мастерсон за време на неговото судење за силување, за кое на крајот и беше осуден.

Холивудскиот пар одлучил да се врати во орбитата, со оглед на тоа дека страстите стивнаа, па така синоќа биле „уловени“ за време на кошаркарскиот натпревар на ВНБА во Крипто Арената во Лос Анџелес.


Актерскиот пар следел женка кошарка од првиот ред со нивната 10-годишна ќерка Вајат и 8-годишниот син Димитри.

Инаку, ова е првпат Ештон Качер и Мила да ги однесат своите деца на настан кој е медиумски испратен, а фотографите добиле можност да ги фотографираат нивните лица одблизу.

И Вајат и Димитри се навистина многу слатки и убави деца, но не личат особени ниту на едниот родител. Интересно е што Димитри е русокос, што го наследил од неговиот татко кој исто така како дете имал руса коса.


Актерите ги повеле децата на натпреварот бидејќи нивната 10-годишна ќерка е голем фан на Кејтлин Кларк, која е дел од клубот „Индијана Февер“, а малото девојче дури и се расплакало од среќа откако се фотографирала со оваа кошаркарка.

Да потсетиме, парот во неколку наврати предизвикале низа контроверзии откако признале дека ниту тие ниту пак нивните деца се тушираат секојдневно, односно не користат сапун или купка на дневна база.


Ештон во поткастот „Armchair Expert“ признал дека користи сапун само за пазувите и препоните. Мила Кунис додала дека таа со сапун ги третира и стапалата и градите. Остатокот од телото го мијат со вода, а на децата го користат истиот метод на капење, за да не ја „исушат нивната нежна кожа“.

„Во детството немав топла вода, па и онака не се туширав многу“, признала познатата 37-годишна актерка која родена и израсната во Украина. „Но, дури и сега, кога имам деца, исто така не ги бањам секој ден. Никогаш не сум била оној родител кој ги капе новороденчињата секојдневно. Кога ќе почувствуваме миризба од нашите деца, тогаш ги капеме“, додала таа.


„Еве во што е работата – доколку видите нечистотија на нив, капете ги. Во спротивно – нема поента“, го појаснил актерот нивниот метод.




Спонзорирани линкови

Маркетинг