[ВИДЕО] Девојка случајно снимила неверојатна сцена на ноќното небо, следбениците ѝ пишуваат: „Најдоброто видео на сите времиња“

Точка

25/05/2024

17:44

4.830

Големина на фонт

а а а

Блескав фрагмент од комета пред неколку дена ненадејно го осветли небото над некои делови од Шпанија и Португалија, а оваа прекрасна глетка изгледаше како сцена од филм.

Иако прелетувањето на кометата не беше најавено, многумина случајно успеале да го фатат овој уникатен момент, а стотици видеа го преплавија интернетот.

Едно од видеата, кое го снимила млада девојка од Португалија, Мила Рефачо, стана вирално и за само неколку дена собра речиси 100 милиони прегледи на различни платформи.


„Ова е најдоброто видео на сите времиња“, „Ти си најсреќниот човек на светот“, „Каков спектакл“, „Неверојатно е што си успеала да го снимиш“, „Ти завидувам“, „Ова видео ќе те прослави“, се само некои од коментарите под снимката која не престанува да се споделува на интернет.

Инаку, се проценува дека кометата летала над Шпанија и Португалија со брзина од 45 километри во секунда пред да изгори над Атлантикот.

На сите објавени снимки се гледа како кометата со голема брзина поминува низ ноќното небо и го осветлува со интензивни сини и зелени нијанси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг