[ВИДЕО] За купување на овој "Mustang" се пријавиле преку 7.500 Американци

Точка

24/05/2024

20:12

9.278

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 7.500 Американци се пријавиле за купување на „Ford Mustang GTD“.

„TopGear“ пишува дека пријавите за купување на овој автомобил вреден повеќе од 325.000 долари се затворени.

Станува збор за буквално тркачки автомобил од класата „IMSA GTD“, кој одговара на спецификациите на „FIA GT3“. А овој „Mustang“ е навистина тркачки автомобил, кој по некоја случајност смее и на патиштата.

Преку 800 коњски сили, осум брзини, карбон…

Опремен со адаптивно тркачко подвозје и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил го придвижува мотор кој сега испорачува повеќе од 800 коњски сили. Спротивно на најавите, 5,2-литарсиот V8 мотор не е поставен централно, туку оставен пред возачот. Најмоќниот „Mustang“ во историјата добива издувен систем од титаниум, а црвеното подрачје е дури на 7.500 вртежи во минута.


Распоредот на масата е идеален, 50:50, со менувачка кутија поставена од страна. Станува збор за осум-степенски менувач со две спојки. Да го спомнеме и користењето на карбон, а се со цел да се оптимизира масата на возилото. Целта е јасна, а тоа е да се совлада кругот на Нирбургринг со време „дебело“ под 7 минути.


„Top Gear“ пишува дека од „Ford“ им било кажано дека „GTD“ ќе биде произведен во ограничен број, не се знае во кој точно, но се проценува дека бројот варира меѓу 1.000 и 2.000 автомобили. Ако „Ford“ не сака да ги разочара потенцијални купувачи, ќе мора да ја зголеми таа бројка. Посебно бидејќи продажбата во Европа не е ни започната.


Европејците ќе мора да почекаат

„Преку 20 проценти од сообраќајот на веб-страницата за пријави за „Mustang GTD“ доаѓа од мотоспорт заедницата“, соопштил Форд.

„А меѓу поединечните подносители на пријави, еден од четири се сопственици на „Mustang“, додека еден од пет вели дека поседува конкурентско возило со слично ниво на перформанси“.


Изгледа дека успешните подносители на пријави во САД ќе ги добијат своите модели во 2025-та и 2026-та година, додека европските купувачи ќе мора долго да чекаат на својот „GTD".

Тоа нема да го спречи „Ford“ да им го претстави на Европејците. Всушност, веќе е потврдено дека тоа ќе го направи на Нирбургринг на крајот на 2024-та година.