[ВИДЕО/ФОТО] Ја заобиколи спуштената рампа, па налета на воз – неговото "BMW" сега е преполовено

Точка

26/12/2024

12:46

1.420

Големина на фонт

а а а

Тоа се случило недалеку од Софија во Бугарија, а виновникот за сообраќајната несреќа е, погодувате, е возачот на "BMW".

На самиот почеток треба да се каже дека возачот на теренецот "X5" преживеал и наводно минал без посериозни повреди. Други патници немало, па на крајот и покрај драстичните последици по автомобилот немало жртви.

Освен видеото на кое јасно се посочува причината и виновникот за несреќата, за силината на ударот сведочат и фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, но и колку среќа имал возачот.

Тој намерно ја заобиколил рампата и возел точно пред возот кој буквално го преполовил автомобилот со голема брзина.

Запис от камерите на НКЖИ на жп прелез Верила, на който днес сутринта се случи инцидент

Posted by НКЖИ on Wednesday 18 December 2024

Како што јавува "Plovdiv Press", минатата година во Бугарија шест лица загинале на железнички премини, а четири лица биле повредени. Годинава се евидентирани три смртни случаи, а десет лица се повредени.

Затоа, бугарските власти планираат да ги заменат сите постоечки рампи со подолги модели кои ќе обезбедат физички бариери за да ги спречат возачите да ја преминат патеката додека рампата е спуштена.

Во секој случај, важно е да се извлече поука од овој инцидент.

X5 got hit by a train, the driver got away with no injuries.
byu/crisvphotography inBMW