Бен Афлек вели дека се оженил во момент на „привремено лудило“ и со два збора го опишал бракот со Џеј Ло: Дали навистина ѝ дојде крајот на оваа голема љубов?

Точка

22/05/2024

11:34

8.176

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек наводно по секоја цена настојува да се разведе од Џенифер Лопез, откако нивниот брак го доживеал како „грозничав сон“. Американскиот таблоид „Page Six“ пишува дека актерот оди дотаму што одлуката за стапување во брак ја свел на „привремено лудило“.

Неименуван извор за гореспоменатиот медиум изјавил дека Бен Афлек „се вразумил“ откако претходно повеќе од 2 години бил заљубен до таа мера во латино дивата што не можел трезвено да размислува.


„Да постоеше начин да се разведе врз основа на привремено лудило, тој веднаш би го направил тоа. Се чувствува како последните две години да биле само грозничав сон, а сега се вразумил и сфаќа дека едноставно не постои шанса ова да успее“, истакнал изворот. Тој додал дека славниот оскаровец чувствува дека главата сега му е многу побистра и дека може да продолжи понатаму.

Се тврдеше и дека сопружниците не се согласуваат кога е во прашање вниманието на јавноста и изложувањето во медиумите, но од друга страна, извор близок до нив истакнува дека ќе протуркаат сè бидејќи имаат „голема љубов“.


„Тие имаат многу различни пристапи кога станува збор за медиумското внимание. Бен го мрази целото внимание и поради тоа му е многу непријатно. Џенифер отсекогаш имала поинаков став. Не е негов начин да споделува толку многу за неговиот личен живот. Тоа не го прави среќен и предизвикува стрес во неговиот живот, а потоа и во нејзиниот живот. Нема сомнеж дека постои одреден конфликт поради тоа што се различни во тој поглед“, рекол уште еден извор за „People“.

Шпекулациите дека нешто не е во ред меѓу актерот и Џеј Ло започнаа пред неколку дена откако парот речиси два месеци не се појави заедно во јавноста. И додека ова сигурно фрла сомнеж, вистината е дека и двајцата имале многу зафатени распореди - тој го снимаше „The Accountant“ во Лос Анџелес, а таа беше домаќин на Мет галата во Њујорк.


Но, се појавија и информации дека Бен се иселил од нивниот заеднички дом, и дека и двајцата бараат нови домови, откако минатата година купија вила вредна 60 милиони долари. Повторно има спротивставени информации - одредени извори велат дека Лопез купува нов имот само за „инвестициски цели“, а дека Афлек престојува во друга куќа само за полесно да го снима новиот филм.

После сè што беше кажано, сопружниците сепак беа видени заедно, првично на училишната изведба на ќерката на Бен, Фин, а потоа беа фотографирани кога актерот дојде да ја земе Џенифер пред еден хотел. Таму ги дочекало море од папараци и двајцата ги носеа своите бурми, иако претходните денови тоа не беше случај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг