Никој не ја видел 7 години, а таа е една од најбогатите во својата професија: Оваа пејачка е најголемата мистерија во светот на познатите

Точка

17/05/2024

16:36

13.196

Големина на фонт

а а а

Името на оваа музичка сензација редовно се наоѓа на листите на најбогатите пејачки во светот, а таа дефинитивно не е типична ѕвезда.

На листите на најбогатите луѓе во светот на музиката често се повторува исто име, што со години ја збунува јавноста, бидејќи се работи за пејачка која со години нема издадено песна, не се занимава со комерцијална музика и генерално се држи подалеку од јавноста.

Според податоците на „Celebrity Net Worth“, нејзиното богатство моментално се проценува на 150 милиони долари.


Станува збор за Ења, ирска кантавторка која има продадено околу 80 милиони албуми ширум светот и е втора најуспешна на тоа поле во својата земја, по бендот „U2“.

Која е Ења?

Ења Патриша Бренан е родена во Гвидор во 1961 година, а до денес има снимено осум студиски албуми и освоила бројни престижни награди, меѓу кои „Греми“, „БРИТ“, „Билборд“ …

Кариерата ја започнала во 1980 година во семејната група „Clannad“, која свирела келтска музика, а соло кариерата ја започнала две години подоцна.

Пеела на десет јазици – дури и на измислен, а нејзиниот глас стои зад музичките теми во „The Lord of the Rings“, кои композиторот Хауард Шор ги пишувал замислувајќи го нејзиниот глас.

Иако постигнала огромен успех, Ења не е типична ѕвезда и живее повлечено. Таа со години живее сама во замокот Мандерли од 19 век, ирска вила градена во викторијански стил, на рабовите на Даблин, која ја купила во 1997 година. Таа ретко го напушта својот дом, а прв сосед ѝ е колегата Боно Вокс.


Како што пишувале медиумите, таа не е блиска со своето семејство, па за нејзиниот живот не се знае многу.


Обожавателите на пејачката се прашуваат како е можно таа постојано да е на листите за најбогатите луѓе во светот на музиката и покрај тоа што ретко објавува нови песни, а Иан Коксон, кој со децении ја уредува листата на најбогати за „Sunday Times“, изјавил дека таа не заработува многу пари годишно.

„Ења „не мрда“ премногу, заработува само околу еден милион годишно. Сепак, таа е остварен уметник и има продадено милион албуми во текот на нејзината кариера. Кога ќе стекнете такво богатство, останувате на списокот, тоа не може да исчезне“, објаснил тој своевремено.

„Музиката сама се продаваше пред било кој да знае која сум јас“, едноставно го објаснила Ења својот успех.


Последен пат на јавен настан таа била забележана во 2017 година, на доделувањето на „Греми наградите“.

Дури и најблиските, како вујкото на Ења, Ноел Дуган, велат дека ја гледаат многу ретко и дека таа живее и како кралица и како осаменичка.

Како што истакнува Ења, единственото нешто што ја интересира во животот е – музиката.


„Музиката за мене е сè на светот. Кога снимам премногу, на крајот сум во толку мрачно расположение што не можам да замислам да имам животен партнер. А брак, е тоа би ми било како ноќна мора!“, истакнала своевремено. „Не ми е потребен маж во мојот живот.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг