[ФОТО/ВИДЕО] Овој човек купил напуштен магацин за 380 евра, тоа што го нашол во кутиите го оставило без зборови

Точка

17/05/2024

11:46

12.312

Големина на фонт

а а а

Извесен човек од Портланд купил напуштен магацин на аукција и останал шокиран кога ги отворил прашливите кутии.

Вејд Вентура (37), во минатото купил меѓу 400-500 единици и смета дека ретко кога бил изненаден.

Ова било исклучок …

„Ретко пронаоѓаме вакви единици, најчесто се полни со стари работи или ѓубре“, изјавил Вејд.


Тој додал и дека повеќето работи ги донира во добротворни цели, додека не наиде на вакво „богатство“, пренесува „New York Times“.

Магацинот го купил на 27 март, откако видел неколку фотографии од влезот. Не знаел што ќе го чека внатре.

Почнал да „копа‘“ по кутиите и пронашол повеќе од 400 пара чевли – и тоа од познати производители! Имало и облека, нови бунди со етикети …

„Обично наоѓаме работи кои се користени 30 до 70%, но ова е ново! Сопственикот не купувал обични, само брендирани работи“, изјавил Вејд.


Веднаш организирал препродажба, а само од 1 капут заработил 1.400 евра! Проценува дека вкупната вредност на предметите надминува 68.000 евра.

„Можно е сопственикот да бил опседнат со шопинг. Ова беше неверојатно прекрасно искуство, шокиран сум“, заклучил Вентура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг