Хрватски свештеник за Евровизија: „Секако дека не победи католик кој има свршеница“

Точка

14/05/2024

16:30

9.326

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот свештеник Томислав Лукач привлече внимание со видеото во кое го изнел своето мислење за Немо, победникот на Евровизија, и претставничката на Ирска, Бамби Таг.

Но, тој набрзо ја избришал објавата.

„Секако дека не победи католик кој има свршеница и наскоро сака да основа свое семејство... Како христијани, ние ги сакаме и Немо и Бамби затоа што Исус ги сакаше најпотребните, но ова е жестока измама и пропаганда“, напишал во описот на видеото што го објавил на ТикТок.


„Некогаш, децата го гледаа „Потрага по Немо“. Денес децата гледаат потрага по полот. Ние напредуваме“, навел тој на снимката.

Лукач неодамна се осврнал и на изведбата на ирската претставничка, која многу гледачи ја прогласија за сатанистичка. Во видеото објавено на ТикТок, свештеникот почнал да го полева екранот со света вода. „Бејби Лазања, моли се за нас“, заклучил тој, осврнувајќи се на фактот дека хрватскиот претставник отворено зборува за тоа колку верата му е важна во животот.


Во победничката песна „The Code“, Немо пее за својата небинарност.

„Оваа приказна е мојата вистина. Бев во пеколот и се вратив за да се најдам на вистинскиот пат. Ги прекршив правилата“, е дел од преведениот текст на песната. Ирката Бамби Таг исто така се идентификува како небинарна личност.

Инаку, Лукач на ТикТок го следат повеќе од 62.000 луѓе. На оваа социјална мрежа тој редовно објавува видеа во кои коментира различни теми.