[ВИДЕО] Постар маж се одмарал пред својата куќа кога мечка влегла во дворот, неговата реакција е хит

Точка

06/09/2024

22:54

10.388

Големина на фонт

а а а

Еден постар маж во Америка се сретнал со мечка во сопствениот двор, а неговата реакција стана хит на социјалните мрежи. Викторија Лејн објави видео од надзорната камера поставена во куќата на родителите на нејзиниот сопруг.

На видеото јасно се гледа како постар маж лежи на стол во дворот. Во еден момент на скалите се појавува огромна мечка која го погледнува човекот и продолжува по својот пат.

„Дојде мечка, очи во очи сме“, ѝ викнал тој на сопругата која во тој момент била во домот. Таа испаничено му рекла веднаш да се тргне, но мажот не се помрднал туку почнал да се смее.

Смирената реакција на човекот кој се сретнал со мечка ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи.


„Реагираше како куче да му пријде“, „Не можам да проценам дали овој човек е неспособен за преживување или сосема спротивно“, „Мечката знае кој е овде главен“, се дел од коментарите.

Токму вака експертите за диви животни советуваат да се однесувате во случај на блиска средба со мечка. „The Washington Post“ напиша дека во никој случај не треба да трчате или да правите нагли движења. Една од причините е тоа што мечката така ќе го смета човекот за плен или ќе мисли дека е загрозена, па ќе го нападне.

Друга причина е тоа што луѓето не можат да побегнат доволно брзо бидејќи некои видови мечки можат да трчаат со брзина до 50 километри на час. Ниту качувањето на дрво нема да биде од голема помош, бидејќи мечките се одлични во тоа, па без проблем можат да се качат по човекот.