Кинескиот одговор на „Tesla“ пристигнува во Европа! Ова се деталите и цените

Точка

07/05/2024

22:36

7.034

Големина на фонт

а а а

Кинескиот произведувач на електрични автомобили „Xpeng“ во Европа почна да прима нарачки за својот модел „G6“. Електричниот „SUV“ налик купе сега е достапен во Холандија, Норвешка, Данска и Шведска и е поевтин од моделот „Y“ на „Tesla“.

Во Холандија основната цена изнесува 42.990 евра. Модел „Y“ со погон на задните тркала и помала батерија во Холандија се продава по цена од 45.990 евра. Моделот „Y“ со погон на задните тркала на најголем досег чини од 49.990 евра, а најевтината верзија со погон на сите тркала во Холандија има цена од 52.990 евра.

Во Норвешка цената е 34.700 евра, во Данска 45.600 евра. Во Шведска цената се движи до 45.500. Разликите во цената во најголем дел може да се објаснат со разликата во даноците.


Зададената боја за „Xpeng X6“ е „Artcic White“. Моделот исто така е достапен во други бои, но со доплата. Понудените бои вклучуваат „Graphite Gray“, „Midnight Black“; „Silver Frost“ или „Fiery Orange“. Што се однесува до ентериерот, купувачите можат да бираат меѓу црна и сива. „G6“ има 20-инчни алуминиумски бандажи, а може да се нарача и со кука за приколка.

Бројни сличности со „Tesla model Y“

„G6“ е петтиот модел на „Xpeng‘ и третиот кој се нуди во Европа. Моделот стандардно има погон на задните тркала, но може да се нарача и со погон на сите тркала. Основниот модел произведува 190 kW i 440 Nm, а моделот со погон на сите четири тркала произведува 350 kW и 660 Nm. Во овој случај од 0 до 100 км/ч би требало да забрзува за четири секунди. Наводно сите верзии може да постигнат брзина до 200 км/ч.

Купувачите на моделот G6 имаат избор меѓу помала „LFP“ батерија до 66 kWh, која би требало да овозможи досег до 435 километри, што е споредливо со моделот „Y“ со погон на задните тркала, и поголема „NCM“ батерија со 87,6 kWh со досег од 550 до 570 километри.


Меѓутоа, големата батерија е стандардна за возила со погон на сите тркала. Процесот на полнење од 10 до 80 проценти би требало да трае „помалку од 20 минути“.

„G6“ е долг 4.75 метри, широк 1.92 метри и висок 1.65 метри. Тоа значи дека моделот речиси целосно одговара на димензиите на „Tesla Model Y“, кој е само 2,5 центиметри понизок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг