Познатата манекенка Катарина Ивановска периодов ужива во Италија, а за тоа сведочат и фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил.
Освен што откри дел од прошетката низ Италија, Ивановска го покажа и своето ново момче. На две од фотографиите се гледа како парот се прегрнува и бакнува и двајцата изгледаат многу среќно.
За потсетување, Катарина по разделбата со Цобе, таткото на нејзините деца, беше во врска со кошаркарот Перо Антиќ, а сега се чини дека ја пронашла вистинската среќа.